Бараж за пласман на СП 2023

Лазаров одбра 18 ракометари кои ќе патуваат во Злин

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров одбра 18 ракометари кои ќе одат во Злин, од нив двајца ќе отпаднат за утрешниот меч со Чешка за пласман на Светското првенство 2023.

Шанса да одигра прв сениорски официјален натпревар ќе добие Петар Атанасијевиќ, левото крило од Пелистер 2 и братот близнак на Павле, а тука се и младите Игор Ѓорѓиев и Марко Митев, како и Михајло Малденовиќ како дефанзивец. Веројатно меѓу нив ќе се бара кои двајца нема да се најдат на конечниот записник со 16 актери во мечот.
 
Ненад Костески и Павле Атанасијевиќ нема да можат да им помогнат на колегите поради повредите кои не ги залечија докрај. Покрај нив, во Скопје останаа и младиот пивот на Алкалоид, Марко Стојковиќ, левото крило на Тиквеш, Дарко Кондев, како и третиот голман, Марко Кизиќ.
 
Репрезентацијата лета со чартер кон Острава во 17.40, а потоа ја чека пат со автобус до Злин. Натпреварот е утревечер во 20.15 часот.
 
ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Мартин Томовски.
ПИВОТИ: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Стојанче Стоилов
ЛЕВИ КРИЛА: Гоце Ојлески, Петар Атанасијевиќ
ДЕСНО КРИЛО: Гоце Георгиевски.
ДЕСНИ БЕКОВИ: Мартин Серафимов, Томи Јагуриновски, Кире Лазаров,
ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Митев
СРЕДНИ БЕКОВИ: Филип Миркуловски, Игор Ѓоргиев.
ДЕФАНЗИВЦИ: Марко Мишевски, Михајло Младеновиќ.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе