ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ КАПИТЕН

Лазаров најдобар за месец декември според ЕХФ

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров е прогласен за најдобар ракометар од ЕХФ за месец декември.

Кире Лазаров конечно ја доби наградата за играч на месецот која ја доделува ЕХФ, македонскиот капитен и покрај тоа што е една од најголемите ракометни ѕвезди во светот, прв пат добива вакво признание.
 
„Голема чест ми е што сум избран за најдобар во месец декември, посебно што ова е прв пат во мојата кариера. Дури и најголемите играчи кои се дел од европските натпреварување, тешко ја добиваат оваа награда, па многу сум задоволен. Фала на сите што гласаа за мене“ - вели Лазаров за официјалниот сајт на ЕХФ.
 
Во декември Барселона одигра само еден меч во Лигата на шампионите, но тоа беше големото дерби против ПСЖ, каталонците победија а најголемите засилуги ги имаше Лазаров.
 
„Декември беше посебен за мене, го победивме ПСЖ па останавме на лидерското место во Лигата на шампионите“.
 
Сега пред Лазаров е настапот со Македонија на Светското првенство во Франција.
 
„Нашата репрезентација е помлада од било кога. На чело со нашиот селектор Лино Червар се наоѓаме во период на голема транзиција. Па очекувањата за првенството во Франција не се толку големи сега, но ова е спорт и никогаш не се знае“.
 
Во женска конкуренција, наградата за најдобра ракометарка во декември ја доби Нике Грот за настапот за холандската репрезентација на Европското првенство.
 

Помина 28-ми април во уште едно потсетување, дека пред 16 години од заседа кај Вејце ѕверски беа мачени и убиени осуммина македонски бранители во најкрвавиот и најбрутален масакар во поновата македонска историја.

повеќе

Во ситуација кога политичките опции се толку спротивставени, останува да се формира едно тело/одбор составено од врвни, независни и непристрасни луѓе.

повеќе

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе