Квалификации за ЕП 2022

Лазаров: Миркуловски заслужува да ја заврши кариерата на едно големо натпреварување

Новиот селектор на Македонија, Кире Лазаров посакува неговиот долгогодишен соиграч од репрезентацијата, Филип Миркуловски кариерата да ја заврши со настап на следното Европско првенство. 

Кире Лазаров денеска го имаше првиот собир како селектор на Македонија. Тој во својот стручен штаб го има и Филип Миркуловски кој ќе ја има улогата на тренер и играч.
 
Лазаров се надева дека Миркуловски нема да ја заврши кариерата оваа сезона и ќе почека тоа да го направи со настап за Македонија на Европското првенство.
 
„Се надевам дека Филип Миркуловски нема да престане со активно играње оваа година и се надевам дека ќе се пласираме на ЕП. Тој е играч каков што ни треба во репрезентацијата. По се што даде за Македонија, Филип Миркуловски заслужува карирата да ја заврши на едно големо натпреварување. Дотолку повеќе што во ваква пандемија треба да ја заврши кариерата пред полна сака. Јас посакувам тоа да биде така и ќе направиме се да го направиме тоа, вели нашиот капитен и селектор“, изјави Лазаров.
 
Пред Македонја сега се двата квалификациски меча против Данска, во четврток од 20 часот играме во Скопје, а три дена подоцна на гостински терен во Алборг од 16 часот.
 
Квалификациите за ЕП 2022, Македонија ги стартуваше со две победи, ја совладавме Швајцарија на нејзин терен и ја победивме Финска дома. 
 
На Европското првенство се пласираат првите и вторите селекции од осумте квалификациски групи, како и најдобрите четири третопласирани.
 

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе