Новиот селектор на Македонија најавува промени

Лазаров: Македонија под мое водство ќе игра брз и модерен ракомет

Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров најави промена и во играта на селекцијата, таа нема да се случи веднаш, но наскоро треба да добиеме нов лик. 

Ракометната федерација на Македонија денеска го назначи Кире Лазаров за нов селектор на сениорската селекција. Најдобриот македонски ракометар на сите времиња сега ќе има една поинаква задача.
 
„Сакам да се заблагодарам на претседателот на РФМ и УО за поддршката, без размислување го прифатив овој нов предизвик. Никогаш не сум ја одбил Македонија, така е и во оваа ситуација. Ова е голема одговорност, се надевам на успешна и долгорочна соработка“, вели Кире Лазаров.
 
„Под мое водство Македонија ќе игра брз и модерен ракомет. Но тоа не може да се промени преку ноќ. Во престојните квалификациски меча нема да промениме многу во однос на играта бидејќи немаме време за тоа, но верувајте дека од Европското првенство ќе гледате една Македонија која игра модерно“.
 
„Што се однесува до играчкиот потенцијал, јас верувам во нашите ракометари, да не беше така немаше да се нафатам на оваа работа. Со претседателот Живко Мукаетов се договоривме во првата година да играм и јас на одредени натпревари на кои ќе биде потребно, да бидам како поддршка за младите играчи“.
 
„Наскоро ќе објавам список од 35 ракометари и мојот стручен штаб. Ќе се обидеме да истестираме колку што е можно повеќе играчи, да видиме кој ќе може да го носи дресот на националниот тим“.

Кире Лазаров најави и дека ќе се залага сите младински селекции на Македонија тактички да играат ист ракомет како и сениорите, тој ветува и подобра комуникација со клубовите со цел репрезентативците да добиваат поголема минутажа.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе