Лига на шампиони

Лазаров испиша историја, Нант приреди сензација и го елиминираше Кјелце

Кире Лазаров стана ракометарот со најмногу настапи во Лигата на шампионите, а Нант со 34-31 победи на гостувањето кај Кјелце и обезбеди четвртфинале. 

Лазаров дојде до бројката од 250 настапи во Лигата на шампионите со што го помина Арпад Штербик и стана ракометарот кој одиграл најмногу мечеви во елитното натпреварување.
 
Македонскиот капитен даде и значаен придонес во победата на Нант над Кјелце која значеше пласман во четвртфиналето.
 
Кјелце со 25-24 славеше во Франција, но на свој терен го положи оружјето, вечерва Нант победи со 34-31 и го продолжува настапот во Лигата на шампионите.
 
Лазаров даде четири гола, но имаше и повеќе асистенции, најдобар стрелец за францускиот тим беше Ривера со девет голови, Мин постигна осум. Кај Кјелце, Кулеш реализираше шест пати.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе