Селекторот е пресреќен по победата

Лазаров: Има време за простување, денеска најважно беше да ја победиме Чешка

Селекторот на македонската репрезентација, Кире Лазаров вели дека почувствувал дека сега не е момент да се збогува со македонскиот дрес бидејќи тоа ќе направело дополнителен притисок врз него. 

Фото: РФМ
Денеска Филип Миркуловски го одигра последниот меч за Македонија, а некои пишуваа дека ова ќе биде и последен натпревар за Кире Лазаров, но тоа не беше така. Тој дополнително ќе одреди кога ќе го одигра последниот меч.
 
„Ако се случеше и моето простување, тоа ќе беше притисок плус за мене. Јас и претходно во изјавите кажав дека не е време сега за тоа, има време за простување, најважно беше да ја победиме Чешка и да го продолжиме континуитетот на настапи на големите натпреварувања“, вели Кире Лазаров.
 
„Но полека градиме репрезентација која ќе биде без мене, без Миркуловски. Не знам точно кога ќе се пензионирам, но 90 проценти сум сигурен дека на Светското првенство ќе ме гледате само во тренерка како селектор. Треба да знае човек кога да се прости, кога е време за тоа. Јас ја продолжив кариерата за една година поради ковидот и поради Македонија. Моето и искуството на Жути дадоа допринос да играме на уште едно Светско првенство. Единствено ми е жал што се повредив за Европското првенство, мислев дека ако сме комплетни, ќе можевме да направиме многу повеќе, но така требало да биде“.
 
Селекторот ја прокоментира и победата над Чешка, вели дека е пресреќен поради успехот.
 
„Мислам дека заслужено го добивме овој натпревар, но се случи тоа што стравував, не можевме да го доведеме мечот до лесна завршница. Се мачевме до крај како и секогаш, Македонија е позната по тоа, но среќни сме, задоволни сме. Направивме голема работа, поминавме две репрезентации кои многу значат за ракометот, Романија и Чешка. Им честитам на сите ракометари за овој успех. Пресреќен сум“.
 
„После настапите на Светското првенство во Египет и на Европското во Австрија бевме скептици, мислевме дека ќе немаме македонска репрезентација без Лазаров, без Миркуловски... но се изборивме, успеавме да се пласираме на Светското првенство, а имаме големи шанси да се пласираме и на Европско, продолжуваме со континуитет на настапи, но треба сериозно да работиме“.
 
„Многу ми е драго за Талески и Кузмановски, се поставувам кон нив како мои деца. Често беа мета на критики, не е лесно, понекогаш и очекувањата се нереални, но сега покажауваат што можат и многу ми е драго за нив. Кузмановски го даде последниот гол, одигра одличен меч, Талески беше фантастичен денес исто. Нив двајца ги спомнав, но имаме уште многу играчи“.
 
„Баш ми е драго за Миркуловски, тој одигра многу значајна улога во победата и драго ми е што се прости на таков начин. Тој е еден посебен човек што јас во текот на години го запознавам, но уште целосно не го познавам. Откако почнавме да работиме заедно и како тренери видов дека се работи за еден човек со чиста душа, со чисто срце кој гине за Македонија и секогаш е подготвен да помогне за колективот“.
 

Легенда под Главна слика

Фото: РФМ

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе