Квалификации за ЕП 2024

Лазаров го скрати списокот, остануваат 21 ракометар во комбинација за дуелите со Луксембург и Турција

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров денеска го објави скратениот список за престојните квалификациски натпревар за ЕП 2024 против Луксембург и Турција. 

На првиот список имаше 35 ракометари, од него отпаднаа 14, по што останаа 21 играч кои ќе конкурираат за мечевите со Луксембург (12 октомври) во Скопје и Турција (16 октомври) на гости.
 
Нема изненадувања на списокот од кој отпаднаа голманите Трајкоски и Гогов, крилата Ојлески, Димитриоски, Поповски, Никола Костески и Петковски, младиот пивотмен Симоноски, бековите Мишевски, Ѓорговски, Танкоски, Димитриовски и Саврески и дефанзивецот Омерагиќ.
 
Собирот е закажан за ден 09.10.2022 година со почеток во 14.00 часот со Хотел Александар Палас во Скопје.
 

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе