Капитенот го почнува својот нов голем предизвик

Лазаров ги собра ракометарите на Македонија: Имаме конкретен план и за сегашноста и за иднината

Кире Лазаров денеска за првпат како селектор ги собра ракометарите на македонската репрезентација. Прв негов предизвик на новата функција се двата квалификациски мечеви против Данска. 

Денеска во хотелот „Александар Палас“, Кире Лазаров го направи првиот собир како селектор на Македоднија.
 
Од неговиот стручен штаб денеска се појавија и Бранко Ангеловски и Билјана Црвенковска, а Ацо Јоноски и Филип Миркуловски ќе се приклучат по викенд обврските во Германија. 
 
На собирот недостасуваа и ракометарите кои викендов имаат клупски обврски, селекцијата ќе се комплетира во понеделник со пристигнувањето на Жарко Пешевски од Штутгарт.
 
Во четврток во Скопје од 20 часот ја пречекуваме Данска во првиот меч, а три дена подоцна со истата селекција играме на нејзин терен во Алборг од 16 часот.
 
„Посакувам модерна Македонија, македонската публика не можеш да ја лажеш, ова е ракометна нација. Ги знаеме недостатоците на нашата репрезентација од минатото. Ова е период на промена на генерации, треба да работиме постепено и да го продолжиме континуитетот на настапи на големите натпреварувања“, вели Лазаров.
 
„Со моите соработници максимално ќе се посветиме. Имам верба, имаме конкретен план и за Данска и за сегашноста и за иднината. Одиме чекор по чекор и каков било пораз или победа не смее да ни ги поремети плановите. Имаме квалитет и во стручниот штаб и во ракометарите, Македонија не треба да стравува за ракометната иднина“.
 
Кире Лазаров уште еднаш потврди дека тој ќе биде играч-селектор но би бил најсреќен ако нема потреба воопшто да влезе во игра. Од текот на мечот ќе зависи дали тој директно на теренот ќе се вклучи во играта.
 
„Би бил најсреќен да не моам да играм, но имаме краткорочни и долгорочни цели. За да ги реализириаме долгорочните, мора да ги исполниме краткорочните. Секој момент кога ќе проценам дека не треба да бидам на терен, јас ќе бидам најсреќен да не сум таму. Подготвен сум. Скоро секокгаш во последните десетина години сум бил десна рака на тренерите, сум давал совети, ова е голем предизвик за мене и верувам дека ќе го исполниме тоа што го имаме зацртано“.
 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе