Јубилеј од историскиот трофеј

Кометал Ѓорче Петров пред 20 години стана Европски шампион (ВИДЕО)

Поминаа точно 20 години откако ракометарките на Кометал Ѓорче Петров испишаа историја освојувајќи ја Лигата на шампионите. 

Кометал Ѓорче Петров во сезоната 2001/2002 во тогаш финален двомеч го победи Херц од Унгарија и го крена најголемиот европски клупски трофеј.
 
Македонскиот тим загуби во Унгарија со 27-25, но на реваншот на 19. мај, во преполната сала СРЦ Кале, Кометал Ѓорче Петров победи со 26-22 и стана европски шампион.
 
Во тој состав блескаше Индира Кастратовиќ која на тој меч постигна 10 голови, покрај неа во составот беа Нацева, Бујанова, Платон, Малахова, Будимир, Велкова, Кисељова, Андрушенко, Чупиќ, Дину, Калиниченко, Плшчинска, Златановска. Тренер беше, Александр Панов од Русија.
 

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе