Капитенот Лазаров му даде поддршка на Мукаетов: Под негово водство го издигнавме нашиот спорт

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров му даде поддршка на Живко Мукаетов во пресрет на Изборното собрание на РФМ. 

Иако нема дилеми дека Живко Мукаетов ќе добие нов мандат откако сите клубови му ја дадоа поддршката, сепак и Кире Лазаров упати убави зборови за претседателот на РФМ.
 
„Сакам да изразам безрезервна поддршка и одобрување за одлуката на господинот Живко Мукаетов да се кандидира за нов четиригодишен мандат на чело на Ракометната федерација на Македонија. Под негово водство се изградивме како сериозна федерација, уште повеќе го издигнавме нашиот национален спорт и верувам дека тој процес ќе продолжи“, рече Лазаров.
 
Редовното изборно собрание на РФМ е закажано за в недела 31 јануари.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе