Јоновски потпиша нов договор со Интерактив

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец ќе продолжи да го води тимот на Интерактив Хендбол со кој стави потпис на договор до 2024 година. 

Јоновски по крајот на играчката кариера стана тренер, тој во моменов му е помошник на Кире Лазаров во македонската репрезентација, но со успех го води и тимот на Интерактив каде е прв тренер.
 
Клубот задоволен од работата на Јоновски потпиша со него нов договор, со трајност до 2024 година.
 
„Асистентот на Македонија го продолжи договорот со нашиот тим до 2024 година. Тој е ракометен експерт и убедени сме дека ќе ги оствариме нашите цели“, соопштија од клубот.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе