ЖРК ВАРДАР ПОТВРДИ

Хмирова, Кликовац и Лазовиќ ги продолжија договорите со Вардар

Татјана Хмирова, Андреа Кликовац и Барбара Лазовиќ на кои договорите им истекуваа во јуни, остануваат во Вардар и во иднина.

Вардар потврди дека Хмирова и Кликовац потпишаа нови двогодишни договори, додека Барбара Лазовиќ ќе остане во Вардар најмалку уште една сезона.
 
„Вардар го сочува тимот што сезонава е неприкосновен во Европа. Сметаме дека имаме добра комбинација на играчи кои имаат уште потенцијал во себе и можеме заедно да постигнеме уште повеќе. Сакаме да бидеме стабилен клуб кој ќе ги задржи сите што се вклопуваат во нашата стратешка цел – освојување на лигата на шампионите. Задоволни сме од нивните настапи, верувам во иднина ќе покажат уште подобри игри, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар за официјалниот сајт на клубот.
 
Се шпекулира дека наскоро Вардар ќе ги продолжи и договорите со Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ. Од следната сезона тимот ќе биде засилен и со пикерот Драгана Цвијиќ која доаѓа од Будуќност.

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе