Гоце Георгиевски знае дека клучно ќе биде да не се разбрани Волф кој во Скопје имаше 14 интервенции со кои ја направи разликата и му донесе победа на полскиот тим.
„Претходно знаевме за каков противник се работи, но по првиот натпревар видовме дека имаме уште многу работа. Гледавме видео, анализиравме каде погрешивме, што треба да направиме, кои грешки да ги поправиме. Знаеме дека Кјелце е една квалитетна, искусна екипа чиј напад функционира беспрекорно. Можам да кажам дека одбраната им е една од послабите алки, но нападот е феноменален. Мислам дека, ако им ја спречиме таа транзиција од одбрана во напад, ако правиме помалку грешки, мислам дека имаме повеќе шанси. На првиот натпревар ние игравме и добро во напад, дадовме доста голови, но многу зицери промашивме. Тие треба да ги сведеме на мининум, да не го разбраниме нивниот голман. Мислам дека би требало да одиграме еден добар меч и да се покажеме во подобро светло од Скопје“, изјави Георгиевски.