РК Вардар

Георгиевски: Амбициите на Вардар се исти

Ракометниот клуб Вардар ги почна подготовките за новата сезона, и покрај тоа што нема да играат во Лигата на шампионите, играчите ќе имаат мотивација за остварување на останатите цели. 

Одбрана на двојната круна во домашното првенство и пласман на завршницата во СЕХА лигата се целите на Вардар во новата сезона. Гоце Георгиевски вели дека не е сеедно, но тие ќе се обидат да заборават што се случуваше и ќе се фокусираат на предизвиците.
 
„Почеток на нова сезона, исти амбиции, исти цели. Мислам дека за нас најдобро е да го заборавиме овој период што се случуваше летото, во врска со неиграњето во ЛШ. Тоа треба да го оставиме зад нас и да се насочиме кон она што следи, а тоа е македонското првенство и СЕХА-лига. Одбраната на титулата во македонското првенство ќе биде тешка, секоја година е потешко и потешко. Меѓутоа мислам дека тоа е добра конкуренција за квалитетот на македонскиот ракомет, така што мислам дека ќе гледаме уште една интересна ракометна сезона во Македонија“, вели Георгиевски.
 
„Имаме млада екипа, доста изменета од минатата сезона. Пред сè посакувам добри подготовки, успешни, сите да останат здрави. Гледам многу потенцијал во оваа екипа, има доста млади играчи, кои мислам дека ќе експлодираат оваа сезона и ќе докажат дека нивното место е во Вардар“.

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе