Филип Лазаров е позитивен на коронавирус

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец и сегашен член на германскиот Ратинген, Филип Лазаров е позитивен на ковид-19. 

Лазаров за Германија тргнал со негативен тест од Македонија, но според германските медиуми тој најверојатно се заразил од патник во авионот со кој летал.
 
Тој пред неколку дена добил мејл дека во летот во кој бил имало патник кој е позитивен на коронавирус, но немало потреба да направи тест доколку не седел до него.
 
Македонскиот ракометар и покрај тоа направил тест и резултатот му бил позитивен.
 
Во моментов Лазаров е во самоизолација, ќе му биде направен уште еден тест со цел да се потврди резултатот. Тој нема симптоми.
 
Клубот им направил тестирање и на другите ракометари, но од нив никој не бил заразен, по што тие заминале на подготовки во Холандија.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе