Фуксе Берлин во Битола допатува како голем фаворит, но никој не очекуваше дека битолскиот тим може да прими 43 голови во еден натпревар.
Неизвесно беше само во првите десетина минути, додека беше 5-5, потоа германскиот тим направи серија, се одлепи и го имаше мечот под контрола до самиот крај.
Киреев запиша 15 одбрани, со 40-роцентна успешност, а Лесјак и Кизиќ имаа 10 заедно. Жарко Пешевски броеше до осум гола, капитенот Мирко Радовиќ постигна шест, а Ненад Костески и Марио Танкоски по пет. Црногорецот Милош Вујовиќ му даде девет гола на Пелистер.