СЕХА лига

Еурофарм Пелистер немоќен, Мешков Брест ја освои Битола

Еурофарм Пелистер загуби во првиот натпревар од четвртфиналето во СЕХА лига, вечерва Мешков Брест ја освои Битола и славеше со 27-31.

Вицешампионот на Македонија е далеку од можност за настап на Ф4 турнирот во СЕХА лига, вечерва Еурофарм Пелистер загуби на домашен терен со четири гола разлика во дуелот со Мешков Брест.

„Зелените“ парираа само до средината на првото полувреме, потоа беше меч во еден правец. Мешков Брест го покажа својот квалитет, се одлепи и на пауза замина со четири позитива (9-13).

Гостинот од Белорусија доминираше на почетокот од второто полувреме па креираше и највисоки осум гола предност (17-25). Сепак, во финишот од мечот дојде до опуштање, па Еурофарм Пелистер ја преполови убедливата позитива  на противникот и конечниот резултат гласеше 27-31.

Кашпарек со 8 гола беше најефикасен во редовите на Мешков Брест, Ваилупау реализираше 6 гола, Скубе и Малуш постигнаа по 5 погодока.

Мандалиниќ со 9 погодоци беше прв играч на Еурофарм Пелистер, Периќ реализираше 6 гола.

Реваншот се игра во Брест на 29. август.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе