Ракометарите на Жељко Бебек одиграа речиси совршен беш, без криза во ниту еден период од натпреварот дојдоа до посакуваниот триумф.
Битолскиот тим тргна фуриозно со водство од 3-0, во 10. минута Еурофарм Пелистер имаше водство и од пет разлика, 9-4. На полувремето се замина со 16-13 за македонскиот претставник.
Во вториот дел Битолчани продолжија исто, дојдоа и до највисоките шест голови разлика 25-19, па 26-20. На крајот конечниот резултат гласеше 30-27.
Периќ беше најефикасен со осум гола, Табоада постигна шест, Секељ имаше девет одбрани. Кај АЕК, Милонас и Цирас постигнаа по шест.
Во прилог на тоа отиде и првата победа на Татабања, со 31-24 над Кадетен, по што и двата тима имаат по два бода, зад Еурофарм Пелистер. Водат Спортинг и АЕК со по четири, со тоа што португалскиот тим вечерва игра против Ним на гости.