План А и план Б како да се доигра сезоната во ЛШ

ЕХФ има и сценарио кое го исклучува Вардар од борбата за одбрана на трофејот во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска соопшти како би можела да се заврши сезоната во Лигата на шампионите, а објави и нови датуми за бараж натпреварите за пласман на Светското првенство. 

Коронавирусот го стопираше спортот секаде во светот, а федерациите прават планови како тој би можел да продолжи кога ситуацијата ќе се стабилизира.
 
ЕХФ има план А и план Б. Според првичниот план, ако ситуацијата со коронавирусот биде надмината во наредните два месеци, сезоната во Лигата на шампионите ќе продолжи во јуни. Вардар мечевите со ПИК сегед ќе ги игра на 3/4 јуни во Скопје и на 6-/7 јуни во Сегедин. Четвртфиналните натпревари ќе се играат при крајот на јуни, а фајнл-фор турнирот во Келн на 22 и 23 август.
 
Но, ако коронавирусот не дозволи сезоната да продолжи ниту во јуни. ЕХФ планира да нема осмина и четвртфинале, туку шампионот директно да биде решен на фајнл-фор турнир во Келн. На него би играле првиот и вториот од групите А и Б, тоа се: Кил, Веспрем, Барселона и ПСЖ.
 
Промената на календарот за Лигата на шампионите влијаеше и на промената на баражот за СП 2021 во кој македонската ракометна репрезентација игра против Франција. Мечевите според првичниот план требаше да се играат од 5 до 11 јуни. Но сега Французите ќе ги пречекаме во Скопје на 1/2 јули, а ќе им гостуваме на 4/5 јули.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе