По барање на норвешкиот тим

ЕХФ го одложи натпреварот меѓу Вардар и Елверум!

По барање на норвешкиот тим, Европската ракометна федерација одлучи да го одложи натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Елверум кој требаше да се игра во четврток. 

Фото: РК Вардар
За разлика од фудбалот, во европскиот ракомет работите не се одвиваат според планот во периодот на пандемија на коронавирус. 
 
Елверум побарал одложување на мечот против Вардар бидејќи Македонија е на црната ковид листа во Норвешка и доколку ракометарите дојдат во Скопје, по враќањето од нашата земја ќе треба да поминат 14 дена во карантин.
 
Од ЕХФ соопштуваат дека мечот ќе се одигра кога ќе се создадат услови за такво нешто, па нејасно е кога би можело да се случи тоа ако се земе во предвид дека прогнозите за ковид-19 за текот на есенските и зимските денови не се розови.
 
Поради позитивни случаеви на коронавирус не се одигра натпреварот од првото коло меѓу ПИК Сегед и ПСЖ, доколку одложувањата се случуваат постојано јасно е дека ќе се направи хаос во распоредот на мечевите од Лигата на шампионите.

Легенда под Главна слика

Фото: РК Вардар

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе