Македонскиот ракометар се сели во Шпанија

Димитар Димитриоски потпиша за Валјадолид

Македонскиот ракометар, Димитар Димитриоски во следната сезона ќе игра во шпанската лига откако стави потпис на договор со Валјадолид. 

Тренер на Валјадолид е Писонеро, кој го знае Димитриоски од времето поминато во Вардар.
 
„Димитриоски е одличен ракометар и се запознав со него во Македонија. Сигурен сум дека добивме добро засилување, кое може да игра на две позиции, како среден бек и лево крило“, изјави Писонеро.
 
Димитриоски играше за Металург пред да се пресели во Вардар, потоа потпиша за Еурофрам Пелистер 2 од каде и се пресели во Валјадолид.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе