ХУЛИГАНСКО ОДНЕСУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ПУБЛИКАТА

Дибиров жртва на вардаровите навивачи: Русинот раскрвавен го напушти теренот! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Многупати досега сме ги фалеле вардаровите навивачи за нивниот придонес во секој триумф на црвено-црниот клуб, но вечерва дел од нив заслужија огромна осуда, зашто со нивното хулиганско однесување настрада и нивниот миленик, левото крило Тимур Дибиров.

 

Кога настана мешаницата по повредата на Наумче Мојсовски, недозволиво, дел од публиката почна да фрла со метални парички и запалки кон некои ракометари на Металург кои сакаа да истераат своја правда, а најмногу настрада Русинот, кој е најдобар играч на црвено-црните сезонава.Тој беше погоден во главата, и раскрвавен го напушти теренот, а се врати да ги доигра последните минути од мечот дури откако му беше ставен завој и крвта беше запрена да тече.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе