Лига на шампиони

Дибиров ќе биде тешко со Сегед, но не се предаваме

Тимур Дибиров знае дека утре Вардар го очекува тешка пресметка на гостувањето кај Пик Сегед, но црвено-црните не се предаваат против ниту еден противник. 

По одличниот старт во Лигата на шампионите, Вардар почна да реди пораз. Утре тимот на Вујовиќ има нов предизвик, гостување кај Пик Сегед. Унгарците се тежок тим за прекинување на лошата серија, но Дибиров вели дека нема предавање.
 
„Што се однесува до Сегед мислам дека ќе биде тежок натпревар, но ние сакаме да дојдеме до победа. Знаеме дека ни недостигаат бодови. Очекувам машки и многу сериозен натпревар. Ќе биде тешко, тоа е сигурно, но ние не сакаме предвреме да се предадеме и одиме таму да победиме“, изјави Дибиров. 
 
Слично размислува и другото крило, Гоце Георгиевски.
 
„Нè очекува еден тежок противник, многу добро познат за нас. И минатата сезона одигравме два тесни натпревара со нив, на двата меча нè победија и мислам дека и оваа сезона ќе бидат слични натпреварите, неизвесни. Квалитетна екипа се, ние се подготвуваме, гледаме видео-анализи. Во неделата одиграа еден добар натпревар со Веспрем, пред се во одбраната. Одиме таму да се надигруваме со нив, без бело знаме. Знаеме какви поединци имаат, добро ги анализиравме и мислам дека имаме шанса. Тие секогаш играат против нас со голем мотив, па ќе биде тежок натпревар, но мислам дека ќе не послужи среќата за поволен резултат“, вели Гоце Гергиевски.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе