СЕХА лига

Дибиров го торпедираше Нексе, Вардар со победа се враќа од Нашице

Тимур Дибиров со 12 голови го предводеше Вардар до победа од 31:30 на гостувањето кај Нексе, Борко Ристовски го имаше своето деби во овој состав на шампионот. 

Вардар ја доби првата четвртфинална битка против Нексе, црвено-црните славеа со 31:30 на гостински терен и направија голем чекор кон фајнл-фор турнирот во Задар.
 
Тимур Дибиров имаше блескава партија, даде 12 голови од исто толку шутеви, солидно деби имаше Борко Ристовски кој му се врати на Вардар и по трет пат го облече дресот на македонскиот клуб.
 
Реваншот меѓу Вардар и Нексе се игра на 15. март во „Јане Сандански“ со почеток од 20:15 часот.
 
Во првото полувреме Нексе постојано водеше, Вардар ја бркаше негативата и на одморот успеа да замине со нерешени 15:15.
 
Во вториот дел Нексе на неколку пати имаше предност и од највисоки четири гола разлика, но последните минути од мечот му припаднаа на Вардар. Тимот на Алушовски направи серија од 6-1 и дојде до водство кое го задржа до самиот крај.
 
Дибиров со 12 голови беше најдобар поединец на мечот, шест гола даде Скубе, по четири постигнаа Горбок и Шишкарев. Борко Ристовски имаше седум одбрани. Во тимот на Нексе најдобар беше Пешиќ со седум голови.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе