Денеска се спушта завесата на натпреварите од Европското првенство во Скопје, полуфиналните натпревари и големото финале се играат во Љубљана.
Во групата која се игра во Скопје нема да има многу возбудувања, бидејќи Франција и Црна Гора синоќа си ја завршија работата, го заверија пласманот во полуфиналето.
Возбудливо ќе биде во Љубљана каде Данска, Шведска и Словенија ќе се борат за преостанатото место за полуфиналето. Од таа група Норвешка веќе е меѓу четирите најдобри.
Данска има 6 бода, Шведска и Словенија по 4. Данките сами си ја кројат судбината, доколку останат непоразени во денешниот меч против Норвешка, ќе одат во полуфинале, со реми како втори, со победа како први.
Ако Данска загуби од Норвешка, Словенија со победа над Унгарија може да биде втора, но тоа ќе се случи само ако Шведска не ја совлада Хрватска. Словенките се подобри во меѓусебниот дуел од Данките и ќе имаат предност доколку и двете селекции имаат ист број на бодови.
Но, ако и Шведска и Словенија победат, а Данска загуби, сите три репрезентации ќе имаат по шест бодови. Ќе се формира круг, а во него Швеѓанките ќе имаат предност поради најдобра гол разлика.
Денешните последни натпревари од главната фаза:
Група 1 Љубљана
15:30 Унгарија - Словенија
18:00 Хрватска Шведска
20:30 Норвешка - Данска
Група 2 Скопје
15:30 Романија - Германија
18:00 Холандија - Црна Гора
20:30 Франција - Шпанија