Данските ракометарки водеа во најголем дел од мечот, но запреа при водство од 22-18. Норвешка направи серијаод 4-0 и го изедначи резултатот на 22-22.
Последните минути им припаднаа на Норвежанките кои на крајот се радуваа на победа од 27-25.
Нора Мерк со осум голови беше најдобра во селекцијата на Норвешка, Бургард со шест погодоци беше најефикасната кај Данска.
Супер интересен беше мечот за третото место кој го доби Црна Гора со 27-25 против Франција. Се играше и продолжение.
Јованка Радичевиќ за која ова беше последен меч за репрезентацијата на Црна Гора, постигна шест голови исто колку и Јауковиќ.