ЕП 2020

Данска е пред елиминација, Хрватска го доби дербито со Србија

Данска одигра нерешено против Унгарија 24:24 и е на чекор до елиминација од Европското првенство, Хрватска со 24:21 ја победи Србија, Шпанија со 36:25 ја прегази Холандија. 

По елиминацијата на Франција на повидок е уште една сензација, Данска е блиску до елиминација откако одигра само нерешено против Унгарија 24:24.
 
Унгарија водеше во текот на целиот меч, но Данците пропуштија напад за победа кој може да ги чини пакување на куферите многу порано отколку што сите очекуваа.
 
Данска важеше за најголем фаворит за златниот медал на Европското првенство, но ситуацијата во групата е таква да ако Унгарија во последното коло не загуби од Исланд Данците ќе бидат елиминирани.
 
По две кола Исланд е прв со четири бода, Унгарија има три, Данска само еден, а Русија е елиминирана без бодови.
 
Србија го одигра најдобриот меч досега на Европското првенство, но тој не беше доволен за победа над Хрватска.
 
Србите водеа на полувремето со 10:8, но Хрватите беа подобри во завршницата и на крајот победија со 24:21.
 
Овој меч беше од групата А каде сите натпревари се одиграа, Хрватска со шест бода е прва, Белорусија е втора со четири, Црна Гора има два, Србија остана без бодови.
 
Шпанија ја растури Холандија со 36:25. Се е познато и во оваа група.
 
Шпанија е прва со шест бода, понатаму оди и Германија која има четири, Холандија има два, Летонија нема бодови.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе