ЕП 2022

Црна Гора направи сензација, ја победи Словенија и се пласираше во следната рунда!

Селекцијата на Црна Гора на која ѝ се даваа најмалку шанси да ја помине групата, го освои второто место откако денеска ја совлада Словенија со 33-32, херој на Црногорците беше голманот Небојша Симиќ. 

Откако ја победи Македонија, Црна Гора денеска ја совлада и Словенија и се пласира во следната рунда на Европското првенство.
 
Небојша Симиќ немаше многу одбрани, фати само шест, но кога беше најпотребно тој се вивна и ја донесе победата. Одбрани три седмерци во низа во последните пет минути од кои два беа во последните 120 секунди.
 
Словенија водеше во најголем дел од мечот, но финишот им припадна на Црногорците кои на крајот славеа со 33:32.
 
Бранко Вујовиќ даде девет гола, Грбовиќ додаде седум, а Милош Вујовиќ погоди петпати. Доленец и Кодрин со по шест гола беша најефикасни кај Словенија.
 
Црна Гора заедно со Данска одат во втората фаза од Европското првенство, а Словенија и Македонија го завршуваат натпреварувањето.
 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе