Откако две кола по ред му ги одложуваат мечевите на Вардар

Чупиќ распали: ЕХФ има двојни аршини, ваква ЛШ нема смисла, ако се неспособни да организираат, нека препишат од УЕФА

Иван Чипиќ е смета дека Европската ракометна федерација има двоен аршин кога се во прашање откажувањата на натпреварите, вели дека ако се неспособни да ја организираат Лигата на шампионите треба само да ги препишат правилата од УЕФА. 

Вардар две кола по ред не игра во Лигата на шампионите бидејќи Елверум и ПИК Сегед од разни причини не можеа да играат. Ракометарите на македонскиот тим само тренираат, а мечевите никако да дојдат.
 
„Ова нема никаква смисла, работиме, тренираме и зависиме од ситуацијата. Подобро воопшто да не се игра бидејќи ова нема никаква врска со регуларно натпреварување, исто како што нема врска ниту регуларноста што Фајнл фор турнирот од лани ќе се игра оваа година во Келн, а клубовите ќе играат во состави во кои воопшто и не беа минатата сезона“, нервозмо коментира Чупиќ на „Јутарни“.
 
„Жално е што на сето тоа молчат клубовите и играчите, тоа не е во ред. Клубовите од ЕХФ не добија никаква поддршка во времето на корона кризата, а со овој однос уште повеќе им се отежнува“.
 
„Разбирам се, ја почитувам ситуацијата, жал ми е за секој болен, против сум да се игра ако постои било каква шанса за ширење на заразата. Кога имаше карантин, бевме во карантин бидејќи тоа беше единствено решение. Но сега ако се одлучило да се игра, тогаш треба да се игра. Ако има 20 здрави тестирани на двете страни, ако се тестирани судиите и службените лица и сите се негативни, не гледам зошто да не може да се игра во празна сала, а баш тоа ни се случи кога не дојде Елверум. Кој можеше да им го загрози здравјето, никој, бидејќи публика ќе немаше, а беа во Кјелце каде што имаше и публика. Ако на некој му фали играч тоа не може да биде причина за одложување, бидејќи може да им фали и поради повреда, па се игра. Лани јас играв како десен бек бидејќи немавме бекови, и Дибиров играше исто бидејќи имавме повреди, па на никој не му падна на памет за одложување. Сега слушам дека е одложен мечот во Сегед поради зараза на Габер. Почит за него, но тоа нема врска со ништо“.
 
„Значи Сегед може без осум играчи да игра во Кјелце, а против нас не може. Будуќност може без 11 играчи да игра во Копривница и против Русинките, а другите не можат. Па каква врска има тоа со регуларноста, каквие се тие правила во која еден клуб ја жртвува сезоната, а другите не се ни трудат да го почитуваат тоа. Зошто за различни клубови има различни критериуми. Ако не се во состојба сами да го регулираат натпреварувањето, треба да се свртат кон фудбалот и да го препишат истото“.
 
„Фудбалот можеше да ја игра завршницата на едно место, без публика. Можевме и ние, а не го направивме тоа. Тие велат дека спонзорите им се важни, па зарем УЕФА нема спонзори. Знам, не е добро да го споредуваме фудбалот со било кој друг спорт, но сепак мора да има ред. Зошто Елверум не можеше да дојде во Скопје, а можеше Хајдук или Тотнем да играат против Ренова и Шкендија? Можеше Молде да игра со Ференцварош или со Карабах на Кипар, а норвешките ракометари не можат да дојдат во Македонија затоа што Норвежаните ја имамат Македонија на црната листа. Па каква врска има тоа со нас, ако имаме 20 негативни и ако постојано се тестираме. Зошто воопшто се тестираме, зошто трошиме пари? Ова нема никаква смисла. Или нека се прекине ова, или сите нека добијат исти услови“.
 

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе