Лига на шампиони

Чупиќ: Кјелце беше подобар, ние имавме свои моменти, но против силни екипи не се доволни само добри моменти

Иван Чупиќ вели дека Вардар не одиграл добро во текот на целиот меч за да може да се надева на победа пртив екипа каква што е Кјелце, смета дека полскиот тим заслужи да се радува во Скопје. 

Вардар со 33:29 загуби од Кјелце во натпревар од Лигата на шампионите. Црвено-црните имаа свои периоди на почетокот од мечот, и неколку минути во вториот дел кога успеаа да го вратат водството, но тоа не беше доволно за победа.
 
„Добро отворивме, добри воведни 15 минути, со 5-1 одбрана, со убава транзиција за да пробаме да го спречиме контра-нападот на Кјелце. Се подготвувавме за тоа и нормално ако грешиш тоа ќе се казнува. Сепак, ако играш брз ракомет, можеш и брзо да се вратиш. Во второ игравме 6-0 зона, за да не оставиме многу простор за пикер, со тоа да ги затвориме и Карачиќ и Душебаев. Дојдовме и до водство, имавме 6 на 4 играчи во еден момент, но Волф одбрани 2-3 зицери, ние направивме неколку глупости и екипа како Кјелце тоа не го пропушта. На десетина минути да губиш 2-3 разлика тие знаат како да ја чуваат и да го умртват натпреварот. Тоа е одлика на квалитетна екипа“, рече Чупиќ по крајот од мечот.
 
„Ни дадоа добар пример како и ние повеќе да се однсеуваме кон топката, некогаш дури и по цена да не е убава играта. На крајот на краиштата, се игра за два бода. Им честитам, денеска победи подобрата екипа. Ние имавме свои моменти, но против големите екипи не победуваат сам моменти. Против Кјелце, против ПСЖ, Веспрем, не можат да поминат тие црни минути“, коментираше хрватското крило, еден од подобрите вардарци на теренот, со пет гола“.
 
Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски ја истакнува извонредната партија на Алекс Душебаев како клучна за поразот.
 
„Кјелце пружи една врвна ракометна партија. Сè она што ние погрешивме во напад тие знаеја да го казнат. Во првото полувреме имавме грешки во нападот, па дојдовме до три негатива на паузата. Во второто се вративме, имавме 6 на 4 ситуација која не знаевме да ја искористиме, а екипа како Кјелце тоа го Казни. Немавме решение за Алекс Душебаев, кој пружи фантастична партија. Сакам само да им честитам на играчите кои даваат максимум како на тренинзи така и на натпреварите. Мора да гледаме напред да бидеме подобри на следниот натпревар, во Кјелце“, вели Алушовски.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе