„СО СРЦЕ И УМ ПРОТИВ ТУНИС“

Червар: Тунис го уништи олимпискиот сон на Македонија, но ова не е меч за одмазда

Селекторот на македонската репрезентација, Лино Червар вели дека натпреварот против Тунис не смее да се сфати како меч за одмазда за поразот кој значеше крај на олимпискиот сон на Македонија.

Македонија утре од 17:45 го почнува настапот на Светското првенство, прв противник ни е должникот Тунис кој ја доби нашата репрезентација во мечот за пласман на Олимписките игри во Рио.
 
Но селекторот Лино Червар вели дека овој дуел не смее да се сфати како одмазда за тој пораз, туку со срце и памет да се победи противникот.
 
„Играчите сеуште се сеќаваат на поразот од Тунис во Гдањск, кога им беше уништен сонот за олимписките игри. Но им кажав дека не смеат да размислуваат за никаква одмазда, бидејќи тоаможе да има негативен ефект“ - вели Лино Червар.
 
„Го анализиравме Тунис. Се работи за силен тим, кој е добро воигран. Главно играта им е базирана на надворешната линија, но имаат и брзи крила кои можат да даваат лесни голови од контри“.
 
„Подготвени сме за натпреварот, треба да покажеме дека можеме да се носиме со секој противник, мора да одиграме со срце и ум за да победиме“.

Декемврискиот извештај на Мeѓународната кризна група и платформата на трите партии на македонските Албанци.

повеќе

Изминатите неколку дена Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави неколку милиони документи во врска со нивната работа, меѓу кои илјадници документи се однесуваат на СФРЈ и Македонија. 

повеќе

Искрено, сметам дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат.

повеќе