Борко имаше дури 18 одбрани, но покрај нив постигна и четири голови, учинок каков што не се памети досега. Тоа не беше доволно за Вардар да победи, но е доволно за да се најде во тимот на колото од Лигата на шампионите.
Тим на 5. колото:
Голман: Борко Ристовски - Вардар
Лево крило: Тилен Кодрин - Целје
Лев бек: Сандер Сагосен - Кил
Среден бек: Игор Карачиќ - Кјелце
Десен бек: Алекс Душебаев - Келце
Десно крило: Никлас Екберг - Кил
Пивот: Виктор Итуриза - Порто