Лига на шампиони

Борко даде четири гола и имаше 18 одбрани, но Вардар во последната секунда пропушти победа

Брилијантна партија на Борко Ристовски која не ја искористи Вардар за да дојде до победа, македонскиот тим одигра само 25:25 во „Јане Сандански“ против Порто. 

Фото: РК Вардар / Денис Дуковски
Недостасуваше малку среќа за Вардар да врзе две победи во Лигата на шампионите, црвено-црните примија гол во последните секунди кој му донесе бод на Порто.
 
Парта за паметење имаше Борко Ристовски кој покрај тоа што со 18 одбрани на највисоко ниво ја завршија својата задача на голот, постигна и дури четири погодоци казнувајќи ја тактиката седум на шест на Порто.
 
Натпреварот беше неизвесен во целиот тек, но и двете екипи имаа свои периоди. Вардар почна добро, имаше водство од 4-2, по што следуваше серија од 4-0 за гостите со кои тие дојдоа до предност од два разлика. На полувремето Вардар водеше со 13:12.
 
Посебна драма имаше во финишот на мечот, Порто водеше со 24:22, но Вардар успеа да го сврти резултатот и да дојде до предност од 25:24. Порто го имаше последниот напад и за жал пред самиот крај Антонио Родригез погоди за конечни 25:25.
 
Најефикасен во дресот на Вардар беше Чупиќ со седум голови, Вујин имаше одлична партија со пет, Борко Ристовски беше трет стрелец со четири гола, имаше и 18 одбрани. Кај Порто Итуриза постигна седум погодоци, нашиот Никола Митревски мечот го заврши со 11 одбрани.
 
Вардар во следното коло му гостува на ПСЖ.

Легенда под Главна слика

Фото: РК Вардар / Денис Дуковски

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе