Андон Бошковски веќе не е тренер на Голден Арт КЛ7

Голден Арт КЛ7 и Андон Бошковски ја прекинаа соработката, клубот на Кире Лазаров соопшти дека тој веќе не е тренер на првиот тим. 

Андон Бошковски веќе не е тренер на Голден Арт КЛ7, а во наредните денови ќе се знае неговиот наследник.
 
„Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира македонската спортска јавност дека заклучно со 15.01.2020 година (петок) престануваат сите обврски за ангажман како главен тренер во клубот на досегашниот прв тренер Андон Бошковски.
 
На Бошковски му благодариме на досегашната соработка и за придонесот во развој на нашиот проект и му посакуваме многу успех во следните ангажмани.
 
Клубот во текот на следните неколку дена ќе информира за новото решение за прв тренер на клубот“, стои во соопштението на Голден Арт КЛ7.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе