Лига на шампиони

Алушовски: Вардар не е без шанси во Полска, очекувам неизвесен меч протиив Кјелце

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски е оптимист во пресрет на вечерашниот дуел меѓу Кјелце и Вардар кој се игра од 20:45 часот. 

Вардар со 33:29 ја загуби пресметката во Скопје против Кјелце, а денеска македонскиот тим игра на гостински терен.
 
Фактот што и во Полска на трибините нема публика, ќе биде од корист за Вардар, тренерот Алушовски бара подобра игра од голманите и верува дека можеме да се носиме со силниот противник.
 
И во Полска исто така ќе играме пред празни трибини. Ги анализиравме нивните добри страни и пред мечот во Скопје, имавме уште четири дена да видиме каде грешевме и што можеме да поправиме. Секако дека има место за напредок, особено во одбраната бидејќи примивме 33 голови. Нашите голмани можат многу повеќе од тоа што го покажаа во Скопје. Исто така и некои детали од играта во нападот можеме да поправиме“, вели Алушовски.
 
„Се надевам и верувам дека можеме да одиграме еден добар натпревар во Кјелце, ќе покажеме дека Вардар неслучајно освои три бода во досегашниот дел од Лигата на шампионите и дека до 52. минута бевме егал со Полјаците во Скопје. Очекувам неизвесен меч со многу борба, не сме без шанси“.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе