РК Вардар

Алушовски: Покажавме карактер во финишот од мечот

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски е задоволен од победата на неговиот тим, ги пофали ракометарите за играта во финишот од мечот. 

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961
Вардар одигра лошо прво полувреме, но имаше добар финиш по кој дојде до победа над Елверум од 35-32 и се искачи од дното на табелата.
 
„Бевме поприсебни во моментите на крај, можеби бевме малку поискусни од тимот на Елверум за вакви одлучувачки моменти и посреќни овој пат. Почнавме многу лошо, ако не се лажам имавме 11 промашени чисти шутеви во првото полувреме. Нивниот голман беше расположен и го завршивме полувремето со минус три. Второто полувреме го одигравме подобро. Им честитам на момците, во финишот покажавме победнички карактер“, изјави Алушовски.
 
Голманот Кантегрел беше многу значајна алка во второто полувреме, со серија одбрани им даде ветер во грб на ракометарите, тој пресот го почна со поддршка за голманот на Порто, Алфредо Кинтана кој пред некој ден доживеа срцев удар и се уште е во болница.
 
„Најпрво сакам да кажам нешто од името на сите ракометари за Алфредо Кинтана кој доживеа срцев удар. Се надеваме дека ќе ја добие животната битка. Што се однесува адо мечот, се боревме до самиот крај и на успеавме да дојдеме до побоедата. Се надевам дека ќе освоиме уште бодови до крајот на групната фаза. Честитки за Елверум, сигурно не е лесно да се игра два меча надвор од дома“, изјави Кантегрел. 

Легенда под Главна слика

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе