Тренерот на Вардар е бесен на ЕХФ

Алушовски: Несфатливо ми е како Тотнем можеше да дојде во Скопје, а Елверум не

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски е лут на ЕХФ што македонскиот тим две недели по ред нема натпревари во Лигата на шампионите, смета дека тие непотребно се одложуваат. 

Лабавиот пристап на ЕХФ без конкретни правила кои важат за сите создава проблем во календарот на Вардар. Најпрво Елверувам не дојде во Скопје затоа што нивните ракометари потоа требало да одат во карантин, а потоа се одложи и мечот со ПИК Сегед поради позитивни случаеви на ковид-19 во унгарскиот клуб.
 
„За мене е несфатливо како Тотенхен можеше, а Елверум не можеше да дојде во Скопје. И Швајцарија има строги протоколи, па Криенс дојде да игра меч со Металург. Несфатливо е дека ПИК Сегед беше во Полска, а потоа дома не можеше да организира средба. Но, се менуваат многу правилата. Се надевам дека нема да дојдат уште полоши времиња. Клубот се спасува од колапс, дојде човек што го сака, и ете немаме натпревари, не можеме да ја подигнеме форма да дојдат и нови спонзори во клубот. Мораме на тренинг добро да тренираме, секој играч да биде фокусиран. Само така можеме да се надеваме на добра форма, вели Алушовски за официјалниот сајт на Вардар.
 
„Последен натпревар што го игравме беше на 16 септември, сега е 2 октомври. Два мини циклуси што ги планиравме ги прекинавме кога формата на екипата требаше најмногу да биде подигната на едно ниво. Ако кажеме дека се спремаме за дуел во среда и така тренираме, во недела или понеделеник добиваме информација дека мечот е одложен. Играчите немаат мотив, бидејќи сме се спремале за еден противник, сме излегле од сите процеси на учење и усовршување, и сме подготвувале една тактика. Овие две седмици ни се промашени во делот на надградување на играта и формата. Сега на 15 октомври е прв меч со Флензбург. А тој период што е, е една зимска пауза. Треба да држиш тензија, да држиш во натпреварувачки ритам. Баравме да играме со Еурофарм Пелистер, но рекоа дека неможат бидејќи имале повредени играчи“.
 
Алушовски вели дека бил во заблуда дека некои од неговите ракометари може да дадат повеќе.
 
„После турнирот во Струга имам јасна слика. Тогаш бев во заблуда дека некои играчи можат нешто повеќе. Сега имам слика, кој каде и колку може да даде. Сега немам дилеми и знам со кого и како ќе се справиме со Флензбург. Дали е предност, искрено незнам. Ние ќе тренираме, но недостасуваат натпревари. Ни треба натпреварувачка форма. Ние ја подигнавме формата до Мешков, но сега не знаеме до каде сме. Јас како тренер знам кој од ирачите колку може, имам јасна слика“.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе