РК Вардар

Алушовски: Ќе мора да менуваме нешто

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски е разочаран од играта на своите ракометари против Мешков Брест, најавува промени во иднина. 

Мешков Брест со доминантна игра му нанесе пораз на Вардар во „Јане Сандански“, нешто што не се гледа често. 
 
Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски вели дека неговите ракометари направија несфатливи греши и нешто мора да се менува.
 
„Го отворивме натпреварот добро, некаде до 5-5, имавме и играч повеќе, но потоа направивме несфатливи грешки, кои по мене не се дозволиви за Лигата на шампионите, ќе мора да менуваме нешто во иднината во врска со ова. Не бевме на ниво на задчаата во играта во одбрана, поготово во првото полувреме, кога примивме 20 гола. Потоа беше многу тешко да се вратиме со минус осум. Мислам дека ќе треба многу работи да се сменат доколку сакаме оваа година да се надеваме на добри резултати, мора да гледаме напред и да работиме напорно, ова да биде голема лекција за сите нас. Честитки за Мешков и среќа во осминафиналето“, изјави Алушовски по мечот.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе