РК Металург

Алкалоид и Кире Лазаров формираа нов ракометен клуб

Селекторот на македонската репрезентација, Кире Лазаров заедно со претседателот на ракометната федерација, Живко Мукаетов денеска го промовираа новиот ракометен клуб, РК Алкалоид. 

Главен финансиер на клубот ќе биде компанијата Алкалоид, партнер е Кире Лазаров кој ќе има улога на соработник, а претседател на клубот е Горан Минов.
 
Целта на проектот е да се создаде квалитетна база на млади ракометари кои во иднина би го носеле дресот на македонската репрезентација.
 
Екипата на РК Металург своите натпревари ќе ги игра во салата „Борис Трајковски“.
 
Клубот ќе почне да се натпреварува од Првата лига, но целта е експресен пласман во Супер лигата.
 
„Наша цел е тимот да се натпреварува во Супер лигата. Ние сакаме да ги насочиме младите ракометари преку правилна работа и спортски и животни вредности. Ние како компанија нема да престанеме и со поддршката за Федерацијата. Сакаме да создадеме квалитетна база и конечно Македонија да освои медал на ЕП или СП“, кажа Мукаетов.
 
Партнерот во проектот, Кире Лазаров вели дека ова е проект за доброто на Македонија.
 
„Ова е проект за доброто на Македонија. Чест ми е и задоволство што ќе бидам дел од овој проект каде што главната улога ќе ја носи една реномирана компанија Алкалоид. Ќе работиме заедно за доброто на македонскиот ракомет и спорт. Треба да создадеме квалитетна база на млади ракометари. Мислам дека многу заостануваме во тој поглед и затоа вакви проекти треба да се поддржат и заеднички да пробаме да изградиме нови македонски спортисти кои во иднина заслужено ќе го носат македонскиот национален дрес. Во светот постојат многу вакви проекти, а ние ќе пробаме да го пресликаме тој модел на функционирање. Иако нашата држава е мала, сепак мислам дека вакви проекти се важни“, вели Лазаров.
 
„Сметам дека ќе изградиме добри спортисти кои ќе ѝ помогнат на Македонија во следните 10-15 години. Целта на овој проект е на младите ракометари да им овозможиме квалитетен стручен кадар за да може да тренираат и да се едуцираат со квалитетни методи на работа. Подготвени сме за соработка и со другите клубови за да се помогне на македонската национална селекција. Само заедно може да ги оствариме целите за во иднина да имаме квалитетна репрезентација. На никого нема да му биде загарантирано местото во репрезентацијата, секој ќе мора да се потруди. Кај нас знаеме дека помладите знаат и да се опуштат, нема да го дозволиме тоа“.

Западот може да му послужи на остатокот од светот како изложба на ужасни и очигледно неуспешни идеи, меѓу кои се и комунизмот, фашизмот, нацизмот, феминизмот, анархизмот и, во последно време, либерализмот.

повеќе

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе