НБА

Зубац испиша историја во НБА, но не беше среќен по мечот (ВИДЕО)

Ивица Зубац блесна на мечот меѓу Лос Анџелес Клиперс и Индијана Пејсерс, но хрватскиот кошаркар не беше задоволен по натпреварот бидејќи не направи ште еден скок. 

Зубац постигна 31 поен и имаше неверојатни 29 скокови и по три асистенции и блокади. Ова е третпат од сезоната 1973/74 некој кошаркар да има 31 поен, 29 скокови и три блокади.
 
По мечот Зубац рече дека не е среќен затоа што не направил уште еден скок за да има учинок 30/30.
 
„Се изнервирав затоа што сакав да имам 30 поени и 30 скокови. Дефинитивно не сум среќен затоа што можев да се надминам“, рече Зубац.
 
 
Клиперс со 114-100 го доби натпреварот против Индијана.
 
Резултати: 
 
Бостон - Вашингтон 130:121
Детроит - Кливленд 94:102
Њујорк - Мемфис 123:127
Орландо - Филаделфија 103:133
Милвоки - Далас 124:115

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе