Прва лига

Во драматичен меч Работнички го победи МЗТ Скопје во вечното дерби

Во „Градски парк“, Работнички со 94:90 го победи МЗТ Скопје на стартот од новата сезона во Првата лига, мечот имаше драматична завршница во која домаќинот подобро се снајде. 

Работнички тргна со победа во новата сезона и тоа против најголемиот ривал, МЗТ Скопје. 
 
Домашниот тим тргна одлично, успеа да направи предност и од 15 поени разлика, 25:10, но како одминуваше натпреварот предноста на Работнички се топеше, на полувремето се замина со нерешен резултат 45:45.
 
Најголемиот дел од третата четвртина беше изедначен, но при крајот Работнички успеа да се одлепи на пет поени разлика 71:66. Но МЗТ Скопје брзо ја врати и таа негатива, па победникот беше решен во драматична завршница.
 
МЗТ Скопје имаше предност од 90:89, но Работнички со две слободни фрлања на Вашингтон дојде до водство од 91:90. На седум секунди до крајот гостите од слободни фрлања имаа шанса да дојдат до клучно водство, но Гочер ги промаши два пати, а Гарвет направи техничка грешка и мечот беше решен. На крајот Работнички славеше со 94:90.
 
Најефикасен во составот на Работнички беше Демиер Питс со 29 поени, Белмазовиќ постигна 19, а Вашингтон 17, кај МЗТ Олуџоби постигна 19, Магдевски 17. 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе