Ништо од настап во Евролигата за Македонецот

Валенсија го испрати Димитријевиќ на позајмица во Русија (ФОТО)

Македонскиот кошаркар, Ненад Димитријевиќ ќе почека за настап во Евролигата откако Валенсија реши да го испрати на позајмица во Уникс Казан од Русија. 

Валенсија доби вајлд-карта за настап во Евролигата, па се чинеше дека за Димитријевиќ тоа ќе биде деби во најважното клупско кошаркарско натпреварување во Европа, но нема да биде така.
 
Валенсија одлучи да го даде Димитријевиќ на едногодишна позајмица во рускиот клуб Уникс Казан.
 
И покрај тоа што имаше солидна дебитантска сезона за Валенсија, тренерот реши дека нема да смета на него во новата.
 
Македонецот одигра 33 натпревари за Валенсија минатата сезона и имаше просек од 8,4 поени, 1,5 скокови и 3,9 асистенции.
 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе