Синоќа се одиграа 12 натпревари во НБА, а Никола Јокиќ и Лука Дончиќ со пораз ја стартуваа новата сезона.
Јокиќ беше најдобар на теренот со 27 поени, одличен беше и неговиот соиграч Гордон со 22 поени и 10 скокови, но тимската игра на Јута беше таа која пресуди.
Најефикасен во составот на Јута беше Секстон со 20 поени, Марканен реализираше 17. Но на крајот победија лесно со 123-102.
Многу поинтересно беше на мечот меѓу Феникс и Далас кој го добија домаќините со 107-105.
Далас губеше со 105-102, но со три поени на Дончиќ успеа да изедначи на 105-105. Словенецот погоди два поени и дополнително слободно фрлање. Феникс го реализираше својот напад со кош на Ли и повторно дојде во водство, 107-105. Последниот напад го имаше Далас, Дончиќ се обиде со шут за тројка но промаши.
Доначиќ мечот го заврши со 35 поени и девет скока, беше најефикасен на теренот. Во составот на Феникс, Букер постигна 28 поени.
Резултати:
Детроит - Орландо 113:109
Индијана - Вашингтон 107-114
Атланта - Хјустон 117:107
Бруклин - Њу Орлеанс 108:130
Мемфис - Њујорк 115:112
Мајами - Чикаго 108:116
Торонто - Кливленд 108:105
Минесота - Оклахома 115:108
Сан Антонио - Шарлот 102:129
Јута - Денвер 123:102
Феникс - Далас 107:105
Сакраменто - Портланд 108:115