Квалификации за СП 2023

Тежок пораз на Македонија на гостувањето кај Шпанија за крај на надежите за СП

Кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа тежок пораз на гостувањето кај Шпанија со 80-44, „црвено-жолтите" ги загубија сите надежи за пласман на Светско првенство.

„Крпениот“ состав на Македонија со тежок пораз се враќа од Сарагоса, избраниците на Бајиќ загубија во пресметката со Шпанија со 80-44. 

„Црвено-жолтите“ парираа само во првата четвртина, домаќините потоа го подигнаа темпото, направија серија од 19-0 и на пауза заминаа со високи +22 (45-23). 

Шпанија продолжи да го полни нашиот кош и во третата четвртина, ние се мачевме во нападот па разликата се искачи на +31 (62-31) и веќе беше јасно кој е победникот на овој натпревар.

Последните 10 минути беа само рутинско одработување за триумф од 80-44. 

Андреј Јакимовски беше најрасположен во нашата селекција и со 14 поени беше единствениот со двоцифрен учинок. Единствена светла точка е дебито на 17 годишниот Рубин Стефанов и 20 годишниот Виктор Ташовски, кои ги добија првите минути во сениорскиот национален тим. 

Со оглед на тоа дека Украина ја совлада Грузија, Македонија ќе остане на последното место на табелата, па дуелот против Украина во понеделник во Скопје ќе биде од ревијален карактер.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе