Пријателски натпревар

Тежок пораз на македонските кошаркари во Црна Гора

Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби со 36 разлика на гостувањето кај Црна Гора, на натпреварот кој се играше во Бар, домаќините победија со 89-53. 

Дебито на Александар Јончевски на селекторската функција на македонската репрезентација почна со дебакл од Црна Гора.
 
Кој ќе биде победник на мечот се знаеше уште во првата четвртина која Црногорците ја добија со 29-11. Во вториот период бевме рамноправни, па истата негатива остана и на паузата, 45-27.
 
На стартот од вториот дел Црна Гора даде 16 поени по ред и беше јасно дека Македонија ја очекува дебакл на овој меч, конечниот резултат беше 89-53.
 
Дамјан Робев со 10 поени беше најефикасен во составот на Македонија, Владимир Михајловиќ од Црна Гора постигна 15.
 
Овој натпревар беше подготвителен за Македонија за престојните натпревари од претквалификациите против Данска и Словачка.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе