КФМ и Здружението на прволигаши донесоа одлука

Стартот на кошаркарската сезона одложен за седум дена

На денешниот состанок помеѓу раководството на КФМ и Здружението на прволигаши падна договор да биде направена измена во календарот, стартот на кошаркарската сезона е одложен за седум дена.

Наместо на 3. октомври, новата сезона во Првата лига - мажи ќе почне на 10. октомври. На денешниот состанок помеѓу раководството на КФМ и Здружението на прволигаши падна договор стартот на сезоната да биде одложен за седум дена.

Причина за ваката одлука е позитивниот тест на коронавирус на Демиер Питс и карантинот од 14 дена на кошаркарите на Работнички.

На состанокот се разговарало и за идејата да се игра во „меури“ но клубовите не ја прифатиле иницијативата на КФМ. Било разговарано и за протоколи за тренинзи и за натпревари кои треба да бидат поднесени и одобрени од Комисијата за заштита од заразни болести.

Ставот на поголемиот дел од клубовите е дека до тројца заразени со ковид-19 во еден тим ќе се сметаат како повредени, а доколку бројката на заразени е поголема, да следи делумен или целосен прекин на првенството.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе