Репрезентацијата на Србија важеше за најголем фаворит за освојување на златниот медал, но Евробаскетот го заврши уште во осминафиналето.
Ѕвездените момци на Пешиќ вечерва изгледаа немоќно пред мотивираната Италија која заслужено се радува на овој огромен успех.
Натпреварот во голем тек беше изедначен, но во вториот период Србија имаше и 12 поени предност, 39-27. Во текот на третата четвртина имаа и 59-49 и тогаш почна да им се топи предноста.
Во последните десет минути Србија влезе со водство од два поени разлика 68-66, но потоа се деси мрак. Италија направи неверојатна серија од 16-2 и поведе со 12 поени разлика, 82-70. До крајот само рутински го приведоа мечот и победија со 94-86.
Најдобар во составот на Италија беше Спису со 22 поени, Мели постигна 21, а Фонтечио 19. Кај Србија, Никола Јокиќ постигна 32 поени, имаше и 13 скокови, Мициќ реализраше 16.
Италија во четвртфиналето ќе игра против Франција.