Голем број на кошаркари позитивни на ковид-19

Спортовите во сала стануваат проблематични, неизвесен стартот на кошаркарската сезона

Голема е веројатноста кошаркарското првенство на Македонија да не почне престојниот викенд како што беше планирано, речиси во секој клуб има позитивни играчи на ковид-19. 

Фото: КФСМ
Ракометната сезона е во прекин поради големиот број на позитвни играчи на ковид-19, а од исти причини веројатно нема да почне ниту кошаркарската сезона.
 
Кошаркарската федерација на Македонија деновиве спроведува тестирање на кошаркарите во сите клубови, резултатите допрва се очекуваат, но веќе има информации за заразени во коронавирус речиси во сите клубови.
 
Академија ФМП претходно пријави седум случаи, тие се во изолација заедно со тимот на Вардар откако имаа меѓусебна пресметка. Неофицијално во новиот прволигаш ТФТ има шест позитивни на ковид-19, а има позитивни и во двата тима на МЗТ Скопје, имаше и во Работнички.
 
Се уште нема официјална одлука дека стартот на сезоната ќе биде пролонгиран, но се очекува тоа да се случи.
 

Легенда под Главна слика

Фото: КФСМ

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе