НБА

Спектакуларен кам-бек на Мемфис за голема победа над Голден Стејт (ВИДЕО)

Мемфис Гризлис вечерва приреди сензација откако се врати од -24 на гостувањето кај Голден Стејт за преку продолженија да слави со 119-128

„Воините“ од готово направија верисија во дуелот со Мемфис, вицешампионот во второто полувреме имаше висока предност од 24 поени, но катастрофалната последна четвртина им отвори врата на гостите за спектакулран кам-бек.

Мемфис завршниот дел од натпреварот го доби со 13-32, а со исто темпо продолжи и во дополнителните пет минути, ги доби со 8-17 и на крајот славеше со 119-128.

Стев Кари имаше одлична вечер со 40 поени, но и тоа не беше доволно за Голден Стејт да се радува на нова победа.

Во редовите на гостите Рендолф и Конли постигнаа по 27 поени, а Марк Госол запиша 23 поени.

НБА резултати:

Орландо - Хјустон 93:100
Вашингтон - Минесота 112:105
Бостон - Филаделфија 110:106
Бруклин - Кливленд 108:116
Милвоки - Њујорк 111:116
Голден Стејт - Мемфис 119:128
ЛА Лејкерс - Мајами 127:100
Сакраменто - ЛА Клиперс 98:106

На Македонија ѝ е потребен поинаков пристап во стратегијата за меѓународни настапи и претставување на туристичката понуда на државата.

повеќе

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе