Специјализираниот портал за кошарка од Босна и Херцеговина, „бхббаскет“ открива што се случувало со селекцијата на Словенија пред мечот со Полска.
Од извори од Берлин, тие дознаваат дека словенечките репрезентативци ноќта пред мечот со Полска ја поминале во незаборавна забава со многу алкохол која траела до пет часот изутрина.
Мамурни по големото количество на испиен алкохол, Словенците излегоа на мегдан со мотивираната Полска и доживеаа шокантен пораз.
Тие вината ја префрлија на судиите, сокривајќи што се случувало на 15 часа пред почетокот на важниот натпревар.
Полска убедливо загуби во полуфиналето и во битката за третото место, што укажува на тоа дека Словенците доколку во мечот влегле професионално, сигурно лесно ќе ги минеле Полјаците.